Ако дојде до финале на ЛШ, Барса нема да може да смета на Меси и Нејмар?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интересна информација изнесе првиот човек на УЕФА Александар Чеферин.

Првиот човек на УЕФА потврди во интерву за британските медиуми дека поради „Брегзит“ поедини играчи ќе им биде оневозможено влез во Велика Британија.

Нормално, во прв план одма се однесува на Лионел Меси и Нејмар кои и понатака се вклучени во илегална работа и против нив се водат судски постапки.

Доколку тоа остане на сила, а речиси сигурно дека ќе остане, до финалето на ЛШ, доколку Барселона по некое чудо стигнат до таму, не е исклучено Меси и Нејмар да им биде оневозможен влез во Велика Британија, токму поради Брегзит.

„Кога Брегзит ќе стапи на сила, многу работи ќе се променат. Меѓутоа, фудбалот се играше и пред него, ќе се игра и после. На играчите против кои се водат судски постапки може да имаат проблем. Замислете на Меси и Нејмар да не дозволат влез во Велика Британија, односно во Кардиф ако Барса дојде до финале на Лигата на шампионите“, рече Чеферин.

Сепак, за тоа и хипотетички може да се случи, Барселона прво мора да надокнади четири гола заостанување и прво да го разбие Пари Сен Жермен со пет гола разлика.