Реални мети на Ливерпул – Кој од овие напаѓачи ќе завршат на „Енфилд“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Ливерпул се занимаваат со потенцијални засилувања на позиција напаѓач, поради тоа што е извесно дека на крајот на сезоната ќе замине Даниел Стариџ.

Би се рекло дека на Даниел Стариџ деновиве се избројани во Ливерпул, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на оваа сезона поради тоа што не е во старниот состав кај Јирген Клоп.

Поради тоа, треба да се очекува во клубот да стигне едно големо засилување, а медиумите се занимаваат со составување на списокот на потенцијалните.

Споменати се седум напаѓачи кои се реални мети за Јирген Клоп во летниот преоден рок.

Александре Лаказет е на прагот од заминување од Лион, Ливерпул се наведува се почесто како потенцијална наредна дестинација за нова момче.

Претседателот на Лион наговести негово заминување, дали мислите дека баш Ливерпул е вистински клуб за него?

Лоренцо Исиње, фудбалер на Наполи кој и не е вистински напаѓач, повеќе за „лажна деветка“ но секако е некој кој Јирген Клоп сака да го види во својот тим,

Во оваа сезона има осум голови и шест асистенции во рамките на Серија А.

Осман Дембеле од Борусија Дортмунд се почесто се споменува како потенцијално засилување на Ливерпул.

Ова момче кој стигна од Рен во германскиот гигант покажува дека се работи за исклучителен талент, па и Јирген Клоп фрли око на него.

19-годишниот Каспер Долберг е еден од играчите што се наоѓаат на списокот на Јирген Клоп за засилувања, но сеуште е млад за да преземе било каква голема одговорност. Секако, стои како опција, според информациите кои ги поседуваат медиумите во Ливерпул.

Маноло Габијадини може да биде некој кој ќе го засили Ливерпул.

Момчето е во одлична форма откако стигна во Англија од Наполи, ги решети мрежите во Саутемптон, па со самото тоа и мета на Ливерпул, имајќи ги во предвид добрите односи меѓу сопствениците на овие два тима.

Ињаки Вилијамс, фудбалер на Атлетик Билбао, повеќе е некој кој добро би дошол на Клоп на позиција крило, но не заборавајте дека тој вакви фудбалери обожава. Се очекува трансфер на овој напаѓач во голем клуб, дали е Ливерпул вистинска опција?

Пјер Емерик Обамејанг се чини како прескап за Ливерпул, поради тоа што неговата вредност се проценува и на повеќе од 60 милиони евра. Сепак, тој е некој кој ви гарантира голови, игра фантастично веќе неколку сезони наназад.