„Наполи мора да биде поагресивен против Реал“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот фудбалски стручнак Фабио Капело смета дека Наполи сеуште има шанси да го исфрли Реал Мадрид од Лигата на шампионите.

Реал во првиот натпревар од осмина финалето од ова натпреварување славеше со 3:1 на стадионот Сантијаго Бернабе, но Капело сепак смета дека сеуште не е се готово и ја советуваше екипата на Наполи.

„Нема да биде лесно за Наполи, бидејќи кога се сите првотимви на Реал на теренот, многу е тешко да ги победиш. Сепак, имаат проблем да се борат на гостувањата кога се под притисок и Наполи тоа мора да го искористи.

Мораат да играат поагресивно и да не дозволуваат на Реал контра напади“, рече Капело.

Да потсетиме дека реваншот меѓу овие две екипи е во вторник навечер на стадионот Сан Паоло.