Бабунски не запира – Со фантастичен погодок го сруши Сапоро


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Јокохама Маринос на домашен терен го победија Сапоро во натпревар од 2-ро коло во јапонската прва лига, 3:0.

Во првото полувреме од натпреварот мируваа мрежите. Македонскиот фудбалер, Давид Бабунски на почетокот на второто полувреме ја затресе мрежата на гостите за водство на Јокохама.

Неколку минути подоцна Тогаши зголеми на 2:0. По влегувањето на терен, Виера ги постави конечните 30. Бабунски го напушти теренот во 83-та минута од натпреварот, а на негово место влезе Накамачи.

За Бабунски ова беше втор погодок на вториот натпревар во дресот на Јокохама и моментално се наоѓа на втората позиција на листата на стрелци во јапонската лига со еден погодок помалку од Силва од Урава.