„Сакам што е можно побрзо да го заборавам Вест Хем!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Заза повторно игра на старо ниво откако го напушти Вест Хем и се пресели во Валенсија.

Заза е сеуште играч на Јувентус, а во првиот дел од сезоната беше член на Вест Хем и тоа беше најверојатно неговиот најлош период во кариерата.

„Валенсија? Мислам дека тоа е голем клуб. Кога дојдов овде, не бевме во добра ситуација. Беше комплицирано, но почнавме да победуваме.“

„Во Вест Хем не можев да постигнам голниту кога играв добро. Мислам дека играв помалку од 7-8 натпревари. Бев во комплицирана ситуација и сакам да го заборавам тој период. Во валенсија се чувствувам одлично. Головите се најважни за напаѓачите.“

Тој досега одигра 8 натпревари и постигна 2 голови.