ЛШ: Почнуваат реваншите, можат ли Арсенал и Наполи до чуда?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Натпреварувањето во ЛШ продолжува денеска после двенеделни паузи, а се играат реванш натпреварите од осмина финалето каде што Арсенал ќе го дочека Баерн Минхен, а Наполи ќе го угости Реал Мадрид.

Арсенал на стадионот „Емирати“ против Баерн ќе има исклучително тешка задача да избори пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, поради тоа што пред три недели во Минхен е поразен со 1:5.

Тренерот на Арсенал се сложи во оценката дека неговата екипа ги очечува исклучителна тешка задача, но ветува дека неговата екипа нема да се откаже и дека во целост ќе бидат посветени во напад.

„Баерн е секогаш најдобар или втор најдобар тим во Европа. Ние нема да се откажеме, нема да се предадеме,  ќе играме напаѓачки и ќе пробаме да ја премостиме оваа тешка пречка. Немаме друг избор, мораме да напаѓаме и да пробаме да постигнеме голови. Што да се случи, сакам да бидаме спремни за борба во сите 90 минути“, рече Арсен Венгер.

Баерн со убедлива игра во првиот меч во целост ги надигра Топџиите кои до единствениот гол во текот на 90 минути стигнаа од пенал.

Во вториот меч Наполи ќе има нешто полесна задача после поразот од 1:3 во Мадрид пред три недели.

Тренерот на Наполи Маурицио Сари рече дека Мадриѓаните најверојатно ќе изборат пласман во четвртфиналето во ЛШ и дека неговата екипа максимално ќе се труди да им ја отежни ситуацијата.

„Целиот притисок е на Реал. Тие се светски шампиони, најбогатиот и најдобриот клуб на светот. Значи, тие мораат да се квалификуваат. Мадриѓаните веројатно ќе се пласираат понатака, постигнаа голови на последните 46 натпревари, но ќе се потрудиме да им ја отежниме ситуацијата. Било како било, нашите навивачи се светски шампиони и тоа цела Европа ќе го види денеска“, рече Сари.

Тој додаде дека е сигурен дека неговата екипа ќе има доста шанси.

„Во вакви натпревари не е потребно да размислуваш колку шанси ќе имаш, веќе кога ги имаш и да ги искористиш. Можеби се шансите мали да се пласираме, но ќе направиме за до тоа да дојдеме“, додаде тој.

Натпреварите од осмина финалето на ЛШ се играат денеска од 20:45.