Сан Антонио подобар од Хјустон – Кливленд повторно изгуби од Мајами


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни неколку интересни натпревари во НБА лигата.

На распоредот беа 12 натпревари, но беше одложен еден, поточно тој помеѓу Минесота и Портланд.

Во најинтересниот натпревар Сан Антонио го победи Хјустон со 112:110. Јунак беше Леонард кој на 25 секунди до крајот погоди удар за 3 поени, а во наредниот со блокада го сопре Харден. Леонард постигна 39 поени, 6 скокови, 5 асистенции и 2 блокади.

Кај гостите Харден имаше 39 поени и 12 асистенции, а Ариз постигна 13 поени.

Мајами за неколку денови втор пат го победи Кливленд со 106:98. Иако за Кливленд играа и Џејмс и Ирвинг, сепак тие не успеаа да победат. Најдобар во тимот на Мајами беше Веитерс со 29 поени, а кај Кливленд Ирвинг имаше 32 поени, а Џејмс постигна 30.

Останати резултати:

Филаделфија – Милвоки 98:112
Орландо – Њу Јорк 105:113
Детроит – Чикаго 109:95
Мемфис – Бруклин 109:122
Шарлот – Индијана 100:88
Денвер – Сакраменто 108:96
Јута – Њу Орлеанс 88:83
Клиперс – Бостон 116:102