„Ако ПСЖ можеше да постигне четири, ние можеме шест“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона утре навечер ќе го играат реванш натпреварот од осмина финалето на ЛШ против ПСЖ.

ПСЖ во првиот натпревар победи со високи 4:0 и многумина сметаат дека тие веќе со една нога се во четвртфиналето.

Сепак, тренерот на Каталонците Луис Енрике порача дека неговата екипа во реваншот е во состојба да постигне шест голови.

„Ние сме само на половина од битката, иако резултатот од првиот натпревар е висок. Пред нас се уште е можно. Итре сите можат да играат, нема да го откријам составот. Ако ривалот може да ни постигне четири гола, ние можеме шест. Нема што да загубиме, можеме само да добиеме. Не ме интересира пишувањето во историјата, веќе само победа против ПСЖ“, рече тренерот на Барселона.

Да потсетиме дека утрешниот меч на стадионот Ноу Камп почнува од 20:45 часот.