Арсенал си доби репете – Баварците пукнаа петарда и на Емирати (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен на Емирати го победија Арсенал во реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, 1:5.

Жиру на почетокот на натпреварот ја погоди стативата. Во 20-та минута Волкот ги израдува домашните навивачи.

На почетокот на второто полувреме Кошчиелни направи прекршок во казнениот простор и доби црвен картон, а Баерн Минхен пенал. Левандовски од белата точка го израмни резултатот.

Во 68-ма минута поклонот го искористи Арјен Робен кој му донесе водство на баварците. Левандовски имаше шанса за втор погодок на натпреварот, но ја погоди стативата.

Две минути по стативата на Левандовски, Даглас Коста зголеми на 1:3. Во период од пет минути Видал постигна два погодоци и ги постави конечните 1:5.

Баерн Минхен се пласира во 1/4 финале со вкупен резултат 10:2.