“Ќе ја сонувам таа статива“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи се простија од Лигата на шампионите за оваа сезона бидејќи во осмина финалето се елиминирани од Реал Мадрид.

Наполи вечерва одлично го отвори мечот и стигна до водство со голот на Мертенс, но Кралевите во второто полувреме го свртија мечот и славеа со 3:1.

Домаќините во финишот на првиот дел можеа да зголемат на 2:0 кога стативата ја погоди Мертенс и да бидат на чекор од пласман во четвртфиналето, но судбината вечерва не беше на нивна страна.

После натпреварот во Неапол, Дрис Мертенс изјави дека Наполи вечерва покажа дека може да се носи со сите екипи, но дека едноставно немале среќа.

Белгиецот додаде дека со денови ќе ја сонува шансата која ја имаше.

„Дадовме се што можевме во првото полувреме и бевме доста подобри. Тие погодуваа само од корнер и тоа најмногу ме боли. Имав шанса да погодам за 2:0 и таа статива ќе ја сонувам со денови. Жал ми е што не постигнав гол во таа шанса“, рече Мертенс.