Зборовите на Роналдо во тунелот го разбуди остатокот од тимот (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Телевизиските камери забележаа вчера во тунелот необичен разговор помеѓу Кристијано Роналдо и Марсело.

Наполи на полувреме имаше водство од 1:0 и тоа беше момент кога четвртфиналето за Реал беше многу далеку. Наполи доминираше, имаше повеќе од игра, а дека кралскиот клуб мора да се разбуди сфати и Кристијано Роналдо.

Тој на полувреме во тунелот пред соиграчите му рече на Марсело „Ние не знаеме да се браниме“, a тоа го снимија и камерите на Сан Паоло.

Среќа за Реал Мадрид е тоа што нивните фудбалери знаеа како да нападнат и до крајот на натпреварот беа видени три погодоци во мрежата на Реина. За првиот погодок се погрижи Рамос, вториот стигна после лошата реакција на Мертенс, а конечните 1:3 ги постави Мората.


Cristiano Ronaldo, pillado en el túnel de San… by videosansebastian