Одлична најава за новата сезона – Ботас најбрз на тестирањата во Барселона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз на тестирањата во Барселона.

Тој извозе круг со 1:19.310 и беше побрз за 4 десетинки во однос на својот резултат од минатата недела.

Второ место беше Маса од Вилијамс кој имаше време од 1:19.420 додека Раиконен беше трет со скоро 1 секунда заостанување зад Ботас, поточно 1:20.406, а зад него се најде Ферстапен од Ред Бул со 1:20.432.

Мекларен имаше многу проблеми, а Алонсо извозе 27 кругови и беше најбавен.

Шампионатот започнува на 26-ти март со трката за ГН на Австралија.