Голден Стејт изгуби од Бостон – Сан Антонио беше подобар од Сакраменто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во минатата ноќ во НБА беа одиграни 11 натпревари.

Во дербито на вечерта, Бостон успеа да го победи Голден Стејт со 99:86. Во поголемиот дел од натпревар се гледаше резултатска неизвесност. Најдобар во победничиот тим беше Томас со 25 постигнати поени. Кели постигна 17, а Бредли постигна 12.

Во поразениот тим најдобар беше Томпсон со 25 постигнати поени додека Кари го следеше со 23 поени.

Сан Антонио го победи Сакраменто со 114:104. Имаа негатива од 28 поени против Сакраменто, но успеаа на крајот да направат пресврт. Најдобар беше Џинобили со 19 постигнати поени во домашниот тим. Кај гостите Еванс постигна 26 поени.

Останати резултати:

Орландо – Чикаго 98:91
Атланта – Бруклин 110:105
Мајами – Шарлот 108:101
Њу Орлеанс – Торонто 87:94
Хјустон – Јута 108:115
Минесота – Клиперс 107:91
Индијана – Детроит 115:98
Денвер – Вашингтон 113:123