Кој низ историјата имал најмногу претставници во 1/4 финалето од ЛШ?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атлетико Мадрид, Монако, Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Јувентус, Барселона, Лестер и Баерн Минхен се овогодинешните учесници во 1/4 финалето од ЛШ.

Најмногу претставници оваа сезона има Шпанија дури 3, потоа е Германија со 2, и Франција, Италија и Англија имаат по една екипа.

Во продолжение погледнете кои се државите кои низ историјата имале најмногу претставници.

Италија: 5 екипи од Италија играле во 1/4 финале ЛШ а тоа се: Јувентус, Милан, Интер, Рома и Лацио а оваа година само една, и тоа Јувентус.

Германија: Дури 6 клубови од Германија меѓу кои: Баерн Минхен и Борусија Дормунд кој играат и оваа сезона, Баер Леверкузен, Шалке, Волфсбург и Кајзерслаутен се останатите 4 екипи.

Франција: Франција има дури 7 екипи: ПСЖ, Монако, Марсеј, Лион, Нант, Бордо и Оксер, а оваа сезона единствено Монако, после драмата на ПСЖ И Барселона.

Шпанија: Истата бројка како и во Франција: Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Барселона, Валенсија, Виљареал, Малага и Депортиво Ла Коруња.

Англија: На првото место е Англија која има 1 клуб повеќе од Франција и Шпанија, а клубовите од Англија се следните: Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челси, Ливерпул, Тотенхем, Манчестер Сити, Лидс како и Лестер кој во дебитантската сезона на европско тло.