„Вакви натпревари се за уживање“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Монако со победата против Сити направија вистинска сензација во ЛШ со 3:1 и се пласираа во ¼-финале во ЛШ.

„Многу сме среќни поради овој пласман. Во првиот дел од натпреварувањето плативме многу поради малите грешки.“

„Моравме да се осигураме дека двата напаѓачи вршат голем пресинг, затоа што ако дозволите Сити да ја имаат топката во нозете, тогаш сте мртви. Среќни сме поради навивачите и поради Франција.“

„Во вторник некој новинар праша дали се плашам од овие натпревари. Страв? Овие натпревари се за уживање, за играње на врвно ниво.“