„Гризман игра добро? Не, тој игра одлично“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бакари Сања игра одлично во последната линија на Франција во текот на ова првенство.

Десниот бек на француската репрезентација и Манчестер Сити е уште еден од тие кои докажуваат дека годините не значат ништо доколку постои воља.

Овој 33-годишен игра одлично на позиција бек, неговата брзина прави многу проблеми по противничката екипа. Сепак, пред вечерашното финале рече дека шансите се еднакви, и дека за својот играч смета дека е еден од најдобрите на светот.

„Играме натпревар за историја. И ние и нашиот противник добро знаеме што е задачата. Португалија го има Роналдо а ние го имаме Гризман.

Тој игра одлично во оваа година и сметам дека треба да ја добие наградата за најдобар играч на годината. Ова е претпоставувам негова одмазда на Француската академија која го одби кога беше млад, бидејќи наведоа дека не бил доволно добар играч“, заклучи фудбалерот на Франција, Бакари Сања.