„Сити сака да биде како Барселона или Јунајтед“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот за врска Јаја Туре на крајот на оваа сезона по се изгледа дека ќе замине од Сити.

Туре се наоѓа на немилост кај Гвардиола на почетокот на оваа сезона, но подоцна успеа да изброи место во првиот тим.

Сепак, неговиот договор со тимот завршува на крајот на сезоната и јасно е дека тој од наредната сезона ќе игра во друг тим.

Управата на Сити сеуште му нема понудено нов договор, а неговиот агент изјави дека добиле дозвола од тимот да замине.

„Манчестер Сити сака да испише своја приказна по која ќе биде препознатлива. Секако, целта е таа да биде голема како таа на Јунајтед. Планот е клубот секогаш да ги донесе најголемите ѕвезди и да освојува трофеи. Верувам дека Сити може да биде како Барселона или Јунајтед.“