Пелистер и Охрид ги декласираа своите противници, победа и за Борец


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од 17-то коло во македонската ракометна лига се одиграа три натпревари.

Битолски Пелистер убедливо го победи Металург 2, 24:35.

После првото полувреме ракометарите на вториот тим на Металург имаа минимална предност, 14:13. Во второто полувреме гостите од Битола се разиграа и стигнаа на крајот до убедлива победа, 24:35.

Димитровски го предводеше Пелистер со шест погодоци. Најефикасен во тимот на Металург 2 беше Танкоски со 5 погодоци.

13-та победа за Пелистер, а девети пораз за Металург 2 оваа сезона.

 

Охрид лесно стигна до победа против Пролет, 34:22.

Охриѓани на полувреме заминаа со двоцифрено водство, 21:10. Домашните во второто полувреме го одржуваа водството и на крајот стигнаа до голема победа, 34:22.

Марко Кобетиќ го предводеше Охрид со 8 погодоци. Кај гостите најефикасен беше Иван Џонов со 5 погодоци.

За ракометарите на Охрид ова беше 13-та победа, а гостите денес го запишаа деветиот пораз оваа сезона.

 

Борец на домашен паркет славеше против Прилеп, 41:39.

Ракометарите на Борец после 30 минути игра имаа водство од два погодоци, 23:21. До крајот на натпреварот велешани го задржаа водството и победија со 41:39.

Борец до победа беше предводен од Зоран Стојановски со 11 погодоци. Дарко Димитриевски постигна 10, а Ивица Илиев 9 погодоци. Кај Прилеп најмногу се истакнаа Александар Бозароски и Теимураз Орјоникидзе со по 9 погодоци.

Клубот од Велес денес стигна до деветата победа, а прилепчани загубија по осми пат оваа сезона.