Индијан Велс – Пресврт, нервоза, среќа.. Веснина успеа да ја освои титулата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра финалето во женска конкуренција помеѓу Кузњецова и Веснина.

Натпреварот подобро го започна Веснина која направи брејк на првиот сервис на противничката и стигна до 2:0 водство, но Кузњецова врати со иста мера и израмни на 2:2.

До крајот на сетот имаше уште по 1 брејк на двете страни и израмнета игра која го однесе натпреварот во тај-брејк. Таму имаше многу мини-брејкови, а еден повеќе имаше Кузњецова и со тоа го освои тај-брејкот со 8:6.

Вториот сет помина во доминација на Кузњецова и имаше водство од 4:1, но Веснина по неколку пресврти успеа да се врати во натпреварот и да го освои вториот сет со 7:5.

Третиот сет започна повторно добро за Веснина со брејк веднаш на противничкиот сервис, но Кузњецова врати уште во следниот гејм.

До крајот на сетот Веснина успеа да направи пресврт и со 6:4 да го освои третиот сет.