Пепе е играч на финалето на Европското првенство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стоперот на Реал Мадрид Пепе е прогласен за најдобар играч на финалето од ЕП.

Португалија со погогодокот на Едер дојде до победа над Франција во Париз во големото финале на ЕП. Но, најголема работа вечерва за Португалија одработија голманот Руи Патрисио  и последната линија, па не чуди што Пепе е прогласен за играч на натпреварот.

Можеби, според нашето скромно мислење, тоа признание го заслужува и Патрисио, но сепак Пепе ја доби наградата. Како и да е, за двајцата е најважно што Португалија испиша историја и стигна до првиот трофеј на европските првенства.