Паника за Билиќ и Венгер – Ова е најлошиот тим во ПЛ за 2017-та година!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Овие 11 играчи не играат баш како што се очекуваше од нив.

Кои се најголемите разочарувања во2017-та година? Одговор на тоа прашање даде еден медиум кој состави тим од најлошите 11 играчи во ПЛ, од Нова година, па натаму.

Петр Чех(Арсенал)

Голманот не брани лошо, но разочара ако се спореди неговиот ефект со претходните сезони, но и првиот дел од сезоната. На пример, по Нова година има просек од 2 одбрани по натпревар. Во првиот дел од сезоната тој просек беше 2:11, а минатата годиан 2.68.

Хектор Белерин(Арсенал)

Повредата го направи бавен десениот бек. Најмногу се гледа во освоените дуели еден на еден. Минатата година ги освојуваше 54% во првиот дел од сезоната, а сега има 49%.

Хозе Фонте(Вест Хем)

Требаше да ја зацврсти одбраната ан Билиќ, но тој не се покажа како засилување. Од 7 натпревари на кои играше, Вест Хем победи само на еден.

Шкодран Мустафи(Арсенал)

Требаше да биде идеален партнер на Кошчелни, а на почетокот така изгледаше, но оваа година покажува голем несигурност. Просекот од 1.88 примени голови кога тој игра, не е просек за пофалба.

Арон Кресвел(Вест Хем)

Освен тоа што направи најмногу дефанзивни грешки во Вест Хем од Нова година, Кресвел ја изгуби и напаѓачката моќ, па во 2017-та година создаде само 6 шанси.

Франсис Кокелан(Арсенал)

Уште еден играч на Арсенал, уште еден на кој статистиката во 2017-та никако не му оди од рака. Шпанецот освојува 30% од двобоите, а има и голем број на прекршоци.

Марк Нобл(Вест Хем)

Минатата година имаше освоено 2.24 топки по натпревар, а оваа година има просек од 1.38. слична работа како и неговите стартови на противниците, минатата година ги имаше 5.41, а сега тој број е 4.5.

Етијен Капуе(Вотфорд)

Одлично ја започна сезоната, постигна 5 голови во првенството, но од Нова година игра многу лошо. Не е опасен кон противничкиот гол.

Тео Волкот(Арсенал)

8 голови и 2 асистенции до Нова година и без гол и асистенција во 2017-та.

Филипе Кутињо(Ливерпул)

Уште еден играч кој се врати од повреда. До неа играше одлично, а по неа како да е друг човек. Клоп го чека и сигурни сме дека ќе го дочека.

Кристијан Бентеке(Кристал Палас)

Не се прилагоди добро во Ливерпул, а не му оди најдобро ниту во Кристал Палас.