Гигантите од Серија А во борба за потписот на Јаја Туре


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познат градот, но не и следниот клуб на Јаја Туре.

Фудбалерот на Манчестер Сити скоро сигурно ќе го напушти Итихад ова лето, а борба за него водат два италијански клуба.

Англиските медиуми тврдат дека Интер и Милан се најсериозни кандидати за неговиот потпис.

Договорот на Туре со Сити истекува ова лето, а иако сега е стандарден кај Гвардиола, делува дека нема да биде продолжена соработката.

Во овој момент Интер би можел да биде во предност со проектот, но под услов да се бори во ЛШ. Туре во Сити стигна во 2010-та година од Барселона.