Мајами Опен – Кербер помина лесно против Озаки, Мугуруза се предаде!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мугуруза и го предаде натпреварот на Возњацки во вториот сет, откако првиот го изгуби во тај-брејк.

Првиот сет беше исполнет со многу возбудувања, пресврти и неизвесност.

Се започна со изгубен сервис на Возњацки, а потоа 2 врзани брејкови по ред за водство од 4:1. Потоа Мугуруза се враќа во игра со неколку брејкови и стигнува до израмнување на 6:6.

Во тај-брејкот Возњацки беше убедлива и победи со 7:1.

Натпреварот не продолжи понатаму затоа што Мугурза го предаде натпреварот.

Првата тенисерка во светот, Кербер немаше проблеми против Озаки, па лесно со 6:2 и 6:2 стигна до ¼-финале.

Таа успеа да направи 3 брејкови и да изгуби 1 гејм на свој сервис за конечни 6:2 во првиот сет.

Во вториот сет буквално пресликано од првиот, 3 брејкови на противничкиот сет и 1 изгубен гејм на свој сервис за конечни 6:2.