Кристијано, само немој вечерва да се расправаш, ќе боли како пред 17 години


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кристијано Роналдо вечерва ќе се врати во родната Мадеира и се надева дека судбината нема да се повтори.

Репрезентацијата на Португалија вечерва ќе игра пријателски натпревар против Шведска во Мадеира.

Овој град во светот е познат по раѓањето на Кристијано Роналдо. Таму има статуа на Роналдо, музеј, хотел, а од утре и аеродром

Сепак, за Роналдо најважно ќе биде и тој лично да биде виден на теренот поради еден лош настан кој му остави горчлив вкус кога имаше 15 години.

Роналдо никогаш немал шанса да заигра на градскиот стадион, во кариерата можеше само еднаш и тогаш настрада поради непослушност.

Португалецот беше член на младите категории на Спортинг, а тогаш гостуваше кај локалниот клуб Маритимо, неговата фамилија и пријателите беа на трибините, но Кристијано пред крајот на натпреварот беше отстранет од тимот.

Тогашниот тренер на Спортинг одлучи да го казни Роналдо кој претходно се расправал со членовите на хотелот. Роналдо поради непослушност натпреварот мораше да го гледа од трибините и тоа му било најтешката казна во кариерата.

Сега, 17 години подоцна се надева дека селекторот Фернандо Сантос нема да одлучи да го одмори и ротира во овој пријателски натпревар.