Пресврт во случајот Иско!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Иско, според пишувањата на влијателниот АС, сепак може да потпише нов договор со Реал Мадрид.

Иско долго се шпекулираше за тоа дека на крајот на сезоната ќе замине од Мадрид, се укажува на тоа дека ќе дојде до промена на планот и дека на одличниот играч за врска ќе му биде понуден нов договор.

Наводно, Иско со Реал може да го продолжи договорот на пет или шест години и тоа со големо зголемување на платата од 3 на 8 милиони евра.

Во минатата недела имаше доста шпекулации и за тоа дека Иско може да премине во Барселона, но фудбалерот порача дека тоа се исмислици.

Актуелниот договор со Иско со Реал Мадрид важи до 30 јуни 2018 година.