Португалци, заблагодарете се на Спортинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголем број на играчи во редовите на освојувачот на Европското првенство имаше Спортинг.

Од 14 играчи на Португалија кои играа во финалето на ЕВРО против Франција, дури 10 играа во Спортинг.

Прва е ѕвездата Кристијано Роналдо кој играше од 1997 до 2003 година за Спортинг.

Нани играше од 2003 до 2007 година.

Понатака, Рикардо Кварезма беше член на зелено-белите од 1997 до 2003 година, како и Роналдо.

Од 2000 до 2010 година Жоао Мутињо го носеше дресот на клубот од Лисабон. Седрик Соарес во Спортинг играше од 1999 до 2015 година. Десет години од 1994 до 2004 година, Хозе Фонте ги бранеше боите на Спортинг.

Тука се и Жоао Марио, Руи Патрисио, Виљиан Карваљао, Андиен Силва, кој и денеска игра за Спортинг.

Дефинитивно, навивачите на Спортинг ќе бидат најгорди на титулата шампион на Европа.