Мајами ја продолжи трката за плеј-оф, Бостон беше сигурен!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни неколку натпревари во НБА лигата.

Мајами го победи Вашингтон со 106:103. Хасан Вајтсајд го водеше Мајами до победата со 30 поени, 12 скокови, 3 блокади и 2 украдени топки.

Во тимот на Вашингтон најдобар беше Морис со 21 поен, а Бил постигна 16 поени, колку што имаше и Вол.

Бостон го победија Шарлот со 121:114. Томас ги однесе до победа со 32 поени. А го следеше Хорфорд со 16 поени и 7 асистенции. Кај Шарлот најдобар беше Батум со 31 поен, а Вокер постигна 23 поени и 8 асистенции.