Официјално – Јувентус продаде напаѓач за 16 милиони евра!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанецот потпиша договор со Валенсија.

Симоне Заза потпиша договор со Валенсија, за која претходно играше на позајмица.

Валенсија на официјалниот сајт објави дека Заза потпишал договор до 2021 година.

Јувентус ќе добие 16 милиони евра и дополнителни 2 во зависност од некои бонуси.

Заза го помина првиот дел од сезоната во Вест Хем, каде играше очајно, а од зимава на 14 натпревари постигна 4 голови за Валенсија.

Без сомнеж ова е одлично за Јувентус кој немаше многу место во тимот, а ќе видиме дали наредната сезона ќе може да и помогне на Валенсија да се врати таму каде што припаѓа.