БОМБА – Дали сопствениците на Милан го открија првото засилување?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан вчера официјално доби нови сопственици.

Берлускони и неговата компанија Фининвест по 31 година го продадоа клубот на „Сино Јуроп Спортс“ на чие чело се Јонхонг Ли и Хан Ли.

Информациите од Италија зборуваат дека Хан Ли одлучил да одвои 150 милиони евра за засилувања во летниот преоден рок, а неговото прво прашање беше и повеќе од интересно.

„Колку чини Дибала? По секоја цена сакам да го видам во Милан.“

Дибала потпиша нов договор со Јувентус до 2022 година и тешко може да се верува дека би можел да премине во Милан.

Но ако не сака тој, тогаш реално може да се очекува дека некое друго големо име ќе стигне во Милан ова лето.