Леброн и Андерсен повторно заедно, Каун и Шариќ потпишаа за Филаделфија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На шампионот Кливленд му се придружи ново засилување, Крис Андерсен кој повторно ќе биде заедно со Леброн после 2-те сезони поминати заедно во Мајами Хит.

Андерсен потпиша 1-годишен договор со Кливленд Кавалирс вреден 1.5 милион долари. 38-годишниот кошаркар минатата сезона ја помина во Мајами Хит и Мемфис Гризлис.

Шампионот Кливленд го трејдуваше русинот Саша Каун за да направи место за Андерсен во Филаделфија. За возврат ги добија правата на Чуквудиебере Мадуабум.

Филаделфија соопшти дека потпиша договор со хрватот Дарио Шариќ. Деталите од договорот не се познати. Минатата сезона ја помина во Анадолу Ефес каде имаше учинок 11.7 поени, 5.8 скока и 1.5 асистенции.