Мемфис со убедлива победа против Сан Антонио!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Мемфис на домашен терен успеаа да го победат Сан Антонио со 105:94 и да ја намалат предноста во серијата на 1:2.

Мемфис изгледаше многу подобро, во однос на претходните 2 натпревари кога доживеаа 2 убедливи порази. Минатата вечер цврсто играа и дозволија противникот да постигне само 63 поени во првите три ¼-ни.

До победа Мемфис го однесоа Кунли, Гасол и Рандолф. Кунли постигна 24 поени и 8 асистенции, а Гасол и Рандолф постигнаа по 21 поен.

Кај Сан Антонио најдобар беше Леонард со 18 поени, а Алдриџ постигна 16 поени и 11 скокови.