Европа се плаши од него – Овие работи Меси и Роналдо не ги направија на негови години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоа што го направи оваа сеозна, го направи сигурно еден од најталентираните фудбалери во светот. Руши рекорди, има клаузула, но клубот не сака да го открие износот.

Килијан Мбапе ја запали Европа, ги маѓепса навивачите со своите игри, во негови години Меси и Роналдо не беа толку добри.

Еве неколку докази.

Даваше голови на 2-та натпревари против Дортмунд и стана најмлад фудбалер во историјатана ЛШ на кој му успеало тоа.

Мбапе даде 13 голови во лигата пред 10 години, а Меси постигна само 7 на тие години, Кристијано тогаш го постигна првенецот за Јунајтед.

Ниту Меси, ниту Роналдо не постигнале хет-трик пред 19 години, Мбапе тоа го направи во купот против Ремс, а потоа и во лигата против Мец.

Тој стана првиот играч во историјата на ЛШ кој постигнуваше голови на првите 4 натпревари во ова натпреварување. Роналдо не постигна ниту еден, а Меси успеа против Панатинаикос во 2005 година.

Сега Мбапе брка нов рекорд. На ред е Клајверт, ако Монако се пласира во финале. Се сеќавате тој му даде гол на Милан за триумф на Ајакс во финалето, а ако Мбапе го направи истото, тогаш ќе стане нов рекордер.

Покрај тоа, Мбапе треба да победи на уште 2 натпревари до крајот на сезоната за да го помине Меси како најмлад играч по број на победи пред 19 години.

Тој оваа сезона, постигна 22 голови и 11 асистенции на 36 натпревари.

Во Монако се надеваат дека нема да замине во лето, а потврдија дека има клаузула, но не сакаат да ја откријат висината на истата. Негираа дека Реал испрати понуда, а по се изгледа најреално дека Мбапе ќе потпише за Реал и потоа ќе остане во Монако на позајмица.