Кунли и Гасол му донесоа победа на Мемфис!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Мемфис го победија Сан Антонио на домашен терен со 110:108 и така израмнија на 2:2.

Во неизвесен натпревар домашните кошаркари победија благодарение на одличната игра на Кунли кој постигна 35 поени, 9 скокови и 8 асистенции.

Леонард сруши свој рекорд со 43 поени кога станува збор за плеј-оф.

Гасол постигна 16 поени и 12 скокови, а Грин имаше 14 поени.

Во поразениот тим Леонард покрај споменатиот рекорд, успеа да постигне 8 скокови, 6 украдени топки и 3 асистенции.