„За Лукаку не би било никаков напредок доколку замине во Јунајтед“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ се здоби со тешка повреда на коленото, па Јунајтед веднаш бара замена за него.

Ибрахимовиќ секако нема да заигра повеќе оваа сезона, неговото опоравување наводно треба да трае 8 месеци по што Јунајтед најверојатно нема да му понуди договор и затоа бара нов напаѓач, а првите шпекулации се со Ромелу Лукаку.

Одличниот напаѓач на Евертон и оваа сезона продолжува со одличните игри, па прашање на време е кога ќе направи трансфер во поголем клуб, но Роналд Куман, тренерот на Евертон вели дека тоа за него нема да биде никаков напредок доколку замине во Манчестер Јунајтед.

„Европа Лигата има друг квалитет отколку ЛШ. Фактот дека Јунајтед се мачеше со Андарлехт зборува каква сезона имаат тие. Слушнав дека го сакаат Лукаку па искрено се надевам дека тој ќе ги одбие. Нема никаков нов чекор во неговата кариера доколку замине таму“ – вели Куман.