„Меси? Не го одлучи тој Ел Класико…“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дефанзивецот на Реал Мадрид Дани Карвахал после натпреварот порача дека Меси не го одлучуваше вечерашното Ел Класико.

Според неговите зборови, клучниот момент во натпреварот се случи во 77 минута.

„Меси? Не го одлучуваше овој натпревар, туку исклучувањето на Рамос. Да не беше црвениот картон, се ќе беше подруго“, започна Карвахал, па продолжи:

„Беше ова луд натпревар. Загубивме, но никој не може да не критикува за вечерашната партија. Играа навистина добро, штета поради поразот“.

„Сега ни е потребно да се смириме и концетрираме на новите предизвици. Многу брзо не очекува полуфинале на Лигата на шампионите, веќе во среда го играме тој меч и треба да гледаме само напред. Долг е уште патот пред нас, а се знае дека сакаме само трофеи“, заклучи шпанскиот фудбалер.