„Во Мадрид не се навикнати на вакво судење!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И по ова „Ел Класико“ следуваше изјава на Пике за црвениот картон и судењето во Примера на натпреварите помеѓу Реал и Барселона.

„Црвениот картон постои, само што во Реал не се навикнати на такво судење. Вообичаено на домашен терен им судат како што им одговара на нив и кога некој нема да суди така, веднаш е виновен.“

По овој натпревар, двата тимови се израмнети со бодови, но Реал има натпревар помалку.

Пике исто така на Твитер го честиташе „Сент Жорди“, денот на заштитникот на Барселона.