Саутемптон доби покер на Стемфорд Бриџ – Челси се поблиску до титулата (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Челси на Стемфорд Бриџ го победија Саутемптон во натпревар од 34-то коло во Премиер Лигата, 4:2.

Само после пет минути игра имаше промена на резултатот на семафорот. Еден Азар донесе водство на сините.

Во 24-та минута Ромеу со својот погодок го израмни резултатот. Судиското продолжение од првото полувреме донесе уште еден погодок, втор во мрежата на гостите. Кејхил постигна погодок со глава за враќање на водството на Челси.

Диего Коста зголеми на 3:1 во второто полувреме. Габиадини шутираше непрецизно, а ударот на Канте го одбрани Фостер.

Диего Коста пред крајот на натпреварот го постигна својот втор погодок на натпреварот за 4:1.

Конечните 4:2 ги постави Бертранд пред крајот на натпреварот.