Леонард го однесе Сан Антонио до победа против Мемфис!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Екипата на Сан Антонио е поблиску до пласман во наредното коло во плеј-оф серијата, по победата против Мемфис со 116:103.

Мемфис многу добро го отвори натпреварот, а првото полувреме беше многу неизвесно. Сепак во третата ¼-на беше решен натпреварот кога стигна Сан Антонио до 18 поени предност.

Во моментов Сан Антонио води со 3:2 во плеј-оф серијата против Мемфис.

До победа нив ги однесе Леонард со 28 и Милс со 20 постигнати поени.

Најдобар кај гостите беше Кунли со 26 постигнати поени.