„Се надевам дека Спалети ќе остане и ќе не однесе до титулата!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Рома играат големо дерби против Лацио во рамки на 34-то коло во Серија А.

Рома во овој натпревар влегува под императив на победа затоа што сакаат да останат на втората позиција и предност пред Наполи. Пред натпреварот, Стротман изјави дека Рома е подобар тим од Лацио, но дека мора да се докаже на теренот.

Исто така, тој вели дека се надева дека Спалети ќе остане во тимот, затоа што верува дека тој со Рома може да ја освои титулата во Серија А.

„Спалети го промени менталитетот на тимот. Изгубивме неколку важни натпревари во претходните недели и тоа не смее да се случува. Сите веруваме дека може да ја освоиме титулата, но има ситници кои мора да се сменат. Се надевам дека Спалети ќе остане во Рома, затоа што тој е тренер кој ни одговара. А оваа сезона сакаме да ја завршиме на втората позиција.“