Се закомплицира ситуација за Белоти – Заминува ли од Торино?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Андреа Белоти оваа сезона без сомнеж е најдобар фудбалер на Торино, а многумина се сигурни дека овој клуб нема да може да го задржи на крајот на сезоната.

Белоти моментално е прв стрелец во Серија А со 25 голови и тоа место го дели со Џеко. Мнгоу се зборуваше дека тој играч ќе го напушти тимот во јануари, но тој го продолжи договорот и има клаузула од 100 милиони евра.

Иако неколку пати демантираа во Торино дека тој ќе замине, сепак ситуацијата не е толку едноставна. Каиро призна дека тимот тешко ќе го задржи Белоти во тимот.

„Имаме добар однос со него. Кога бараше зголемување на платата, ние тоа веднаш му го овозможивме. Познато е дека откупната клаузула е 100 милиони евра и верувам дека ќе има клубови кои ќе го платат тоа во лето. Не сум сигурен дека може да го задржиме во тимот.“