„Не ми е гајле за Арсенал, мислам само на титулата“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Покетино смета дека неговиот тим сега може многу подобро да се соочи со притисокот од порано.

Тотенхем минатата сезона ја изгуби титулата кога од потенцијални 12 бодови, тие освоија 2, па Лестер го освои трофејот.

Оваа сезона Тотенхем го предизвика Челси, кој има 4 бодови повеќе на 5 кола до крајот.

„Од една страна тука е мотивацијата, а од друга страна желбата за докажување. Мораме да го пронајдеме решението за сите предизвици. Тимот е многу позрел за разлика од минатата сезона и ова е поинаква ситуација. Имаме повеќе капацитет за да се бориме со притисокот.“

Тотенхем игра против Арсенал во недела од 17:30.

„Важно е да победиме, затоа што знаеме колку значи ако го победиме Арсенал во дерби натпреварот, а не само поради тоа што ќе ни обезбеди пласман над нив на табелата.“

Последен пат титула во ПЛ,  Тотенхем освои во 1961 година.