Македонската гордост на чекор до трофеј, Ѓорческа со пресврт до победа во Тунис!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра ½-финалниот натпревар помеѓу нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа и тенисерката од Хрватска, Петра Мартиќ.

Нашата тенисерка не влезе најдобро во натпреварот и првиот сет го изгуби со 3:6.

Ова беше момент кој го разбуди ѕверот во Лина која брилијантно се врати во натпреварот. Во следниот сет успеа со 6:4 да стигне до 1:1 во сетови, а третиот сет повторно со 6:4 го освои и така стигна до заслужена победа.

Таа во финале ќе игра против подобрата од дуелот помеѓу Хокенкамп и Букта.