Суарез ја стави Примера на врвот на европскиот фудбал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Суарез два пати успеа да погоди против Еспањол, а вториот гол имаше посебна тежина.

Барселона го победи градскиот ривал со 3:0, а 2 голови беа дело на Суарез додека еден гол постигна и Ракитиќ.

Со својот втор гол на натпреварот, Суарез дојде до 24 постигнати голови во Примера оваа сезона, а тоа е 104-ти гол досега.

Тоа што е уште поинтересно е дека неговиот втор гол е јубилеен 1000-ти во Примера оваа сезона.

Со тоа Примера стана најефикасна помеѓу најдобрите лиги, поточно први стигнаа до 1000-от гол.