„Невозможно е да се знае дали гол ќе го реши натпреварот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид во сабота ја победи Валенсија со 2:1 во рамки на 35-то коло во Ла Лига.

Јунак на Реал беше Марсело кој во 86-та минута погоди за 2:1.

„Не може да се знае дали еден гол ќе го реши натпреварот или не. Среќен сум поради трите бодови во многу тежок натпревар.“

„Има многу кои доаѓаат на Бернабеу и сакаат да не исфрустрираат, но тоа е нормално. Покажавме кои сме. Реал Мадрид е голем тим.“

Марсело кажа дека сакаат да победат во секој натпревар до крајот на сезоната.

„Трчавме, се боревме и на крајот освоивме 3 бодови. Сакаме да победиме во секој натпревар до крајот на сезоната. Целта ни е да одиме чекор по чекор, но со многу труд.“

Реал Мадрид по оваа победа има 81 бод и се наоѓа на делба на првото место со Барселона.