Хауард ја однесе Јута во следно коло!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Јута победија во 7-от натпревар од првото коло од плеј-оф серијата против Клиперс со 104:91.

Одличен натпревар одиграа гостите и го решија натпреварот во првото полувреме кога имаа предност од 21 поен.

Во победничкиот тим најдобар беше Хауард со 26 поени, 8 скокови и 3 асистенции.

Кај Клиперс најдобар беше ДеАндре Џордан со 24 поени, а имаше и 17 скокови.

Првиот натпревар од второто коло се игра помеѓу Голден Стејт и Јута на 3-ти мај во 4:30.