„Би сакал правилата да се исти за сите!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Видал не е задоволен со одлуката на ФИФА да ја прифати жалбата на Аргентина на суспензијата од три натпревари за Меси.

„Би сакал да бидат правилата исти за сите. Оваа одлука е секако добра за Аргентина. Секако е убаво да го гледаме Меси во дресот на тимот, затоа што дава се од себе. Само велам дека правилата треба да важат исто за сите.“

Меси доби суспензија поради пцовките кон судијата на натпреварот помеѓу Аргентина-Чиле. На табелата на квалификациите на СП во Русија наредната година, Аргентина е на 5-то место кое води во интерконтиненталниот бараж со претставникот од Океанија.