Туре сепак останува на „Итихад“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според медиумите, Туре би можел да остане во Сити.

Лошо тргна оваа сезона за Туре. Тој немаше доверба кај Гвардиола, а често не беше ниту на клупата, но со тек на време почна да добива шанса.

Прв пат откако се најде во стартниот тим по долго време, тој успеа да постигне дури 2 голови.

Во последно време игра во првиот тим и е се подобар, па медиумите пишуваат дека тој би можел да остане во тимот.

Иако имаше приказни дека би можел да замине на Далекиот Исток, сепак Туре е подготвен да остане во тимот.

Тој има договор со клубот до крајот на оваа сезона, а според него заработува по 230.000 фунти неделно.