Враќање од дното – Чапекоенсе е шампион на Бразил!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Чапекоенсе се шампиони во регуларното првенство во Санта Катерина, 6 месеци по големата трагедија во која го изгубија скоро цел тим.

Во авионската несреќа загинаа 71 лице додека 6 преживеаа.

По трагедијата следуваше реконструкција на тимот, донесување на нови играчи и тренер, а денес ја освоија титулата.

Чапекоенсе во вториот натпревар во финалето изгуби од Аваио со 1:0, но по првите 2 натпревари вкупниот резултат беше 1:1, но титулата оди кај Чапекоенсе затоа што во регуларниот дел беа први.

Бразилскиот тим така стигна до 6-та титула во бразилската држава Санта Катерина.