Харден во друштво на Меџик Џонсон!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ниту одличната игра на Харден не беше доволна за победа против Сан Антонио во 5-от натпревар во плеј-оф серијата на Западот.

Хјустон беше поразен во гости и тоа по продолженија со 110:107, а Харден постигна 33 поени, 10 скокови и 10 асистенции.

Харден стана вториот игрча во НБА лигата кој стигнал до трипл-дабл во еден плеј-оф натпревар против Сан Антонио на гостување.

Пред него тоа му успеа само на Меџик Џонсон.

Во моментов Сан Антонио води со 3:2 во серија. 6-от натпревар се игра во петок во 02:00 часот.