Возњацки нема да игра во Рим!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Данската тенисерка Каролина Возњацки ќе го пропушти турнирот во Рим.

Таа доживеа повреда на рамото во дуелот со Суарез-Наваро во второто коло во Мадрид и сега и следува кратка пауза.

Наредниот турнир на кој Возњацки ќе игра е Стразбург, а потоа ја очекува настап на Ролан Гарос.

Претходно учеството на тој турнир го откажаа Радванска и Коњух.

Возњацки моментално е на 11-то место на светот, а во оваа сезона стигна до 27 победи и 10 порази и нема освоено титула.